ЌОТЕКОТ НЕ ИЗЛЕГОЛ ОД РАЈОТ Психолог открива какви последици може да има удирањето на детето врз неговата психа

Удирањето не е воспитување, тоа е само показател на вашата агресивност. Неможност за ваша самоконтрола. Постојат многу подобри и поефикасни методи на воспитување, а децата најмногу учат од она што го гледаат кај своите родители, вели рускиот психолог Михаил Лабковски.

492

Многу претходни студии ги покажаа штетните ефекти на физичкото казнување врз децата. Сепак, некои родители сè уште веруваат дека тоа понекогаш е единствениот начин да му покажат на своето дете дека згрешило или дека не се однесува како што треба.

Рускиот психолог Михаил Лабковски откри какви сериозни последици може да има удирањето на детето врз неговата психа. Како што објасни, да се тепа дете значи да се скрши неговата верба во животот. Така, со само неколку зборови ја откри главната причина зошто родителите никогаш не треба да го прават ова, пренесува Форум Дејли.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини