ОСТАВЕТЕ ГИ ДЕЦАТА ДА СИ ИГРААТ ВО КАЛ! Имунолошкиот систем се зајакнува во контакт со нечистотии

Се верува дека урбанизацијата, строгата хигиена, употребата на антибиотици и намалениот контакт на современиот човек со природата ги оддалечуваат луѓето од овие „стари пријатели“

22

Народното верување дека имунолошкиот систем се зајакнува во контакт со бактерии од калта и прашината има научна потврда. Неколку студии покажуваат дека изложеноста на нечистотии од природната средина во детството може да го намали ризикот од развој на алергии и автоимуни заболувања. Повеќето експерти ја поддржуваат оваа теза, но исто така предупредуваат дека контактот со кал или прашина не е секогаш безбеден, бидејќи почвата може да содржи олово, други хемикалии или паразити.

Контрола на стресот, исхрана, редовен сон






Добрата контрола на стресот, квалитетната и разновидна исхрана, редовниот сон и физичката активност се некои од најважните фактори во градењето силен имунолошки систем – одбранбениот механизам на нашето тело. Имунолошкиот систем го штити телото од вируси, бактерии, габи, паразити, микроорганизми и токсини.

Градењето силен имунолошки систем започнува во детството, кога армија од заштитни клетки учи како да ги разликува сопствените клетки од туѓи супстанции кои можат да бидат безопасни или да предизвикаат болести. Имунолошкиот систем мора да ги препознае патогените, како што се бактериите или вирусите, и да реагира навреме за да го спречи развојот на болести.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини