📸 „ЛЕТЕЧКИОТ ЧЕРНОБИЛ“ ЌЕ ПОЛЕТА ЗА 71. РОДЕНДЕН НА ПУТИН? Ракетата останува во воздух со недели, а имала 13 неуспешни тестови
Путин ги прогласи луѓето кои загинаа во досегашните тестирања на ракетата за „национални херои“, но рускиот лидер не ги објави во јавноста деталите кои довеле до нивната смрт. Тој смета дека „Буревестник“ е оружје на „судниот ден“ кое ја менува играта во однос на оружјето и на целата војна во Украина. Дизајнирана е да пробие низ кој било одбранбен систем. Њујорк Тајмс пишува дека 14-тото тестирање може да се случи за брзо време на руските бази на Арктикот.
Низ светот растат стравувањата дека рускиот претседател Владимир Путин за својот 71. роденден ќе ја тестира нуклеарната ракета „летечки Чернобил“. Таа е посебна по тоа што може да лебди во воздухот со недели пред да ја достигне целта. Доколку се остварат прогнозите, тоа ќе биде 14-то тестирање на оваа ракета, која инаку се нарекува „Буревестник“.
Останатите 13 обиди за лансирање биле неуспешни. Њујорк Тајмс напиша дека сателитски снимки покажуваат подготовки за лансирање на ракета во оддалечена база на Арктикот во Русија. Претходно, во 2019 година, тестирањето на „летечкиот Чернобил“ уби седум лица.
Путин ги прогласи загинатите за „национални херои“, но рускиот лидер не ги објави во јавноста деталите кои довеле до нивната смрт. Тој смета дека „Буревестник“ е оружје на „судниот ден“ кое ја менува играта во однос на оружјето и на целата војна во Украина.
The “Burevestnik”cruise missile-official testing begins soon.. pic.twitter.com/MhM2KPkxku
— Wolf (@Vuk02577707) October 2, 2023
Лета со недели, го пробива кој било одбранбен систем
Наречен „летечки Чернобил“, елиптичниот проектил долг 12 метри првпат беше претставен на 1 март 2018 година и има неограничен дострел. Русија создаде ракета што може да навлезе во кој било одбранбен систем во светот.
Она што е револуционерно во инженерска смисла е што течниот водород во ракетата се загрева не преку хемиска реакција туку преку топлината од нуклеарна реакција. Малиот нуклеарен реактор се активира во лет и тоа овозможува ракетата да остане во воздухот со недели.
Според шефот на разузнавачката служба на Обединетото Кралство, Џејмс Хокенхул, „Буревестник“ би овозможил руски напад од неочекувани правци.
⤴️ #Nyonoksa missile explosion
• Early US designs were abandoned due to size & unreliability. #Burevestnik reactor must run EXTREMELY hot for it to be cooled by incoming air already heated by supersonic compression.
— #ahemENVIRO
⤵️..Always on brink of supercritical pic.twitter.com/o1lpw33e2Q— aHEMagain Actual (@aHEMandias) August 14, 2019
Пушта радијација и прави бељи само со летот
Аналитичарот и истражувач од Кралскиот институт за Обединети услуги, Марк Галеоти, вели дека проектилот претставува огромен технички предизвик.
– Постои голем ризик проектилот да испушта радиоактивни издувни гасови каде и да помине – рече тој.
На 8 август 2019 година, руското Министерство за одбрана објави дека имало експлозија во ракетна база на северот на земјата и дека во несреќата загинале најмалку пет лица. Надлежните ги советувале жителите на областа да ги напуштат своите домови, бидејќи експлозијата предизвикала зголемување на нуклеарната радијација.
За овие тврдења зборуваше и еден американски функционер кој не сакал да го открие својот идентитет. Алџезира објави дека Вашингтон верува дека во експлозијата биле испуштени радиоактивни елементи.
Би-Би-Си доби информации дека отчитувањата на гама зрачењето на шест тест-станици во Северодвинск, град со 180.000 жители, биле четири до 16 пати повисоки од нормалните по неуспешното лансирање на ракетата. Канадската невладина организација „Гринпис“ соопшти дека радијацијата е зголемена и до 20 пати.
Експлозијата предизвика паника кај локалните жители. Тие купиле јод за да ги намалат ефектите од зрачењето. Подоцна експертите оценија дека радијацијата е резултат на несреќа за време на тестирањето на ракетата.
⤴️ #Nyonoksa missile explosion
• Vid provides good overview of #Burevestnik’s capabilities, thread discusses threat to locals.
— #ahemENVIRO
⤵️..a bunch of links to followhttps://t.co/2sCrp3knc8— aHEMagain Actual (@aHEMandias) August 14, 2019
Успешен ракетен тест или само кампања?
Според американското разузнавање, ракетата никогаш не успеала да прелета повеќе од 35 километри, а нејзиниот најдолг лет траел само две минути. Ќе биде ли успешен 14-тиот тест?
Според шпекулациите, Путин, во сабота на својот роденден треба да објави дека ќе се кандидира за нов шестгодишен мандат на претседателските избори закажани за март следната година. А меѓу другото, се очекува да обзнани дека повторно ќе ја тестира моќната ракета.
– Доколку претседателот на Русија Владимир Путин одлучи да учествува на претседателските избори во 2024 година, никој нема да може да се справи со него – изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Тој истакна дека Путин „ужива апсолутна поддршка од населението“.