ОСТАНЕТЕ СТАБИЛНИ ДОДЕКА ТРАГАТЕ ПО ЗАРОБЕНИОТ ДУХ ВО ШИШЕ ВИНО! Винска револуција на високa (или ниска) штикла

Ако по третата чаша вино не можете да ја гарантирате својата стабилност и безбедност качени на потпетици од 10-12 сантиметри, баталете ја елеганцијата на висока пета, останете гламурозни и стабилни во своите балетанки, порачуваат духовито организаторите на винскиот летен салон познат како „Вино на штикли“

48

Ако некогаш сте се прашале што добивате кога ќе ја споите сензуалноста на чаша вино со звукот на штиклите кои одѕвонуваат додека чекорите – епа, добивате „Вино на штикли“, летниот салон за вино што се одржува утре (19 јуни) во Ragusa Rooftop.

Организаторот на овој седми по ред летен вински салон во Скопје, Дејан Донев, информира дека и годинава таму не очекуваат најдобрите вина, над 200 етикети од 25 винарии и дека овој настан кој се одржува традиционално, во јуни, ќе биде повторно вистинското место кадешто ќе можете да го најдете своето ново омилено вино и да слушнете уште некоја нова интересна винска приказна.






Од старите познаници од винариите Наумчеви, Захарчев, Дане Хермес, Ерос, Пешков, Монтеко, до Лазар, Венец, Илиеви, Парагон и други помали и поголеми домашни винарии, Камник, Имако, Стоби, Винарија Охрид, ќе стасаат првокласни вина, а ќе бидат такви и тие од странство, вината на Фантинел, па Подрум Певац, Козловиќ, како и оние кои за првпат доаѓаат во Македонија и кои со нетрпение очекуваме да ги пробаме, вината од српската винарија 100 Жени и други домашни и странски етикети.

Мора ли на штикли?

Но, како и секој настан на добар глас, и овој се соочи со забелешки од оние љубители на вино кои сметаат дека има сексистички наслов и дека носи таква порака.

Што вели организаторот за ова и повеќе за тоа што ќе се случува на настанот, прочитајте на „Арт кујна“.

Поврзани содржини