ОСКАРОВЕЦОТ РЕДМЕЈН ЖАЛИ ШТО ИГРАЛ ТРАНССЕКСУАЛЕЦ „Девојката од Данска беше грешка“ (ВИДЕО)
Имено, Еди е хетеросексуалец и според толкувањето на западните медиуми, со ова тој сака да каже дека за улогите на транссексуалци, хомосексуалци, бисексуалци и други, треба да имаат предност личности со такви определби. Џоел Греј, на пример, доби „Оскар“ за неговата слична улога во филмот „Кабаре“ од 1972 година, 40 години пред тој јавно да проговори за својата сексуалност.
Бил хетеросексуалец, но во 2015 година се сложил да биде транссексуалец и да го глуми данскиот сликар Ејнар Вегнер (подоцна Лили Елба), еден од првите јавни личности, кој во 1930 година решил со операцијата да си го промени полот. Оскаровецот Еди Редмејн жали за популарниот филм „Девојката од Данска“ од 2015 година, иако за него беше номиниран за најдобра главна машка улога, јавува МИА.
– Не, не би ја прифатил (улогата) сега … Го снимав тој филм со најдобри намери, но мислам дека беше грешка! – рече глумецот за „Сандеј тајмс“.
Инаку, Редмејн го доби „Оскарот“ за друга улога, кога го толкуваше научникот Стивен Хокинг во „Теорија за сè“ (Theory of Everything) од 2014 година.
– Поголемата дискусија за фрустрациите околу кастингот е тоа што многу луѓе „немаат стол на масата“. Мора да има „еднакво ниво“, инаку ќе продолжиме да ги водиме овие дебати – вели Редмејн за медиумите.
Имено, Еди е хетеросексуалец и според толкувањето на западните медиуми, со ова тој сака да каже дека за улогите на транссексуалци, хомосексуалци, бисексуалци и други, треба да имаат предност личности со такви определби. Џоел Греј, на пример, доби „Оскар“ за неговата слична улога во филмот „Кабаре“ од 1972 година, 40 години пред тој јавно да проговори за својата сексуалност.
– Од сите ликови кои некогаш сум ги видел, овој им пркоси на нефер стандардите. Би ги замолил луѓето да го погледнат филмот пред да судат за кастингот – вели Редмејн.