ОРИГИНАЛЕН РЕЦЕПТ ЗА СЛАВНИТЕ САМОБОРСКИ КРЕМПИТИ Од кујната на најдобрите

Самоборските кремшнити (кремпити) се прогласени за нематеријално културно богатство на Република Хрватска и не постои човек што некогаш го посетил Самобор, а да не проба од овој убав, кремаст автохтон самоборски бренд! Ако немате шанси да одите, еве го оригиналниот рецепт стар речиси 100 години, по кој се прават кремпитите и денес во култната слаткарница „У пролазу“

497

Самоборските кремшнити или по нашки – кремпити, се прогласени за нематеријално културно богатство и се запишани во регистарот на заштитени културни добра на Република Хрватска, а тоа е само едно од низата признанија за автохтониот десерт на градот Самобор – по кој е познат во дел од светот. Ние дојдовме до оригиналниот рецепт, стар скоро 100 години, според кој кремпитите (кремшнитите) се прават и ден денес во култната слаткарница „У пролазу“.

Токму таму можете да ги пробате најдобрите кремпити и според мислењето на мнозинството, па и на моите домаќини, слаткарницата „У пролазу“ сè уште ја носи титулата „култно место во кое се јадат најдобри кремшнити во Самобор“ – а тоа значи во Хрватска (а можеби и во светот, би додале како нови „фанови“ на овој десерт).






Посебноста на самоборските кремпити е во тоа што се прават од само пет состојки: млеко, јајца, малку брашно, шеќер и ванилин шеќер. Важно е да се истакне дека во нивното производство никогаш не се користи згуснувач, а млекото мора да биде што е можно посвежо и со што е можно помалку конзерванси.

Ако не можете да одите во Самобор и да уживате во кремастите кремпити, ние ќе го споделиме со вас оригиналниот рецепт што ни го открија токму најдобрите и обидете се да ги направите и да уживате во нивниот мирис и вкус дома!

Рецептот за овие кремпити побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини