ОПОРАВЕТЕ ГО ДИГЕСТИВНИОТ СИСТЕМ Аперитив за варење со само две состојки!
Содржи интензитет, сладост и свежина и помага кога имате потешкотии поради внесувањето на премногу празнична храна, но добро е да се пие и превентивно, половина час пред јадење дури и кога не се празници
Овој аперитив е одличен во овие денови кога сите внесуваат малку повеќе храна, но добро е да се практикува и инаку, бидејќи го поттикнува варењето, носи свежина, а одличен е и за слабеење.
Како и да е, откако ја отпочнавте Новата година со оптоварен дигестивен систем, не е лошо да ги испробате придобивките од овој едноставен аперитив кој има само две, но моќни состојки – мед и ѓумбир.
Една чаша аперитив со ѓумбир содржи интензитет, сладост и свежина. Бидејќи ѓумбирот нè загрева одвнатре со својата жестокост, тој ќе ги воодушеви и оние кои сакаат алкохол.
Со оглед на неговите многубројни лековити придобивки, овој фин аперитив нема да остави никого рамнодушен затоа што, освен неговиот вкус, има и единствена особина длабински да го хармонизира целото тело.
Повеќе за ова, како и рецептот, ќе најдете на „Арт кујна“.