ОПОЈНИОТ МИРИС НА БАГРЕМИТЕ Некој ужива во мирисот, некој во вкусот
Има ли некој што како дете не јадел цветови, на пример, цветови од багрем, кој не пробал зумбул, јоргован, љубичица, не изел барем едно ливче мирислива роза? Има ли некој кој не јадел зелени сливи и кајсии, кој не топел во устата коцка бел шеќер и не водел војна дувајќи со цевки зајачки леб? Секако, прашањата се за оние, малку 'поголемките', од 60-тите, 70-тите или 80-тите …
Сега е нешто модерно да се јадат цвеќиња, да се организираат часови на кои се ‘готват’ диви билки и сите да му се воодушевуваме на овој цветен тренд. А всушност, само им се враќаме на старите добри нешта…Ајде да видиме, има ли некој што како дете не јадел цвеќиња?
Веројатно нема, барем не меѓу генерациите од 60-тите, 70-тите, 80-тите, за 90-тите веќе не верувам, зашто тогаш некако наеднаш сите почнаа да стануваат алергични на полен, на багреми, тополи, и што уште не. На пример, син ми, инаку роден 93-та, како малечок, беше алергичен на многу нешта. Мислам дека токму тогаш и почнав да заборавам на јадењето и мирисањето цвеќиња и почнав да ги гледам како непријатели. Престанав да уживам и во мирисот на липите на Партизанска и наместо како дотогаш, да го вдишувам со полни гради, ја протрчував патеката туркајќи ја пред мене количката. Некако ми стана непријатно да уживам во нешто што му создава толку проблеми на син ми.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.