ОПАСЕН ТРЕНД Тивка епидемија им го зема здравиот вид на децата, експертите го лоцираа виновникот
Истражувањата дополнително потврдуваат дека децата на возраст од шест до 11 години имаат помал ризик од развој на миопија ако поминуваат помеѓу 40 и 80 минути на отворено секој ден.
Загрижувачкото зголемување на кратковидоста кај децата и младите се повеќе се поврзува со прекумерната употреба на дигитални уреди.
Експертите предупредуваат дека проблемот достигнува епидемиски размери и дека, според проценките, за 25 години, секое второ лице би можело да има проблеми со видот, пишува net.hr.
Дури и ако не претеруваат со технологијата, екраните сепак зафаќаат дел од нивното секојдневие.
Експертите истакнуваат дека проблемот не лежи само во должината на користењето на екранот, туку и во континуитетот и недостатокот на паузи. Во последните десет години, бројот на корисници на паметни телефони во светот се зголемил повеќекратно, а последиците стануваат сè појасни, особено кога станува збор за видот кај децата.
Освен кратковидост, тука е и сувото око кое се јавува затоа што трепкаме значително поретко кога гледаме во екрани, што доведува до сушење на површината на окото. Токму затоа лекарите ја нагласуваат важноста на ограничувањето на времето поминато пред екрани, особено кај најмладите.
Децата до двегодишна возраст воопшто не треба да бидат изложени на екрани, до петгодишна возраст се препорачува максимум еден час дневно, а до дванаесетгодишна возраст ограничувањето е два часа.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.