ЏОНИ ШТУЛИЌ ИМА НОВ АЛБУМ На својот Јутјуб објави 28 песни (ВИДЕО)
Музичарот кој во последните триесет години живее во Холандија, песните ги снимаше дома во едноставни аранжмани со акустични и електрични гитари и перкусии, а на својот Јутјуб-канал напиша дека „Сплет“ е „класична дупла плоча со четири страни“. Затоа, на посебно видео е дадена четвртата „страна“ на плочата.
Легендарниот музичар Бранимир Џони Шулиќ на својот Јутјуб-канал „PETROVICPETAR“ на последниот ден од оваа 0021 година објави нов албум „Сплет“ со 28 песни. На „Сплет“, Штулиќ однов сними стари песни од неговиот легендарен бенд „Азра“, но во нови аранжмани. Има и некои песни од неговите соло-албуми, пишува Блиц.
Музичарот кој во последните триесет години живее во Холандија, песните ги снимаше дома во едноставни аранжмани со акустични и електрични гитари и перкусии, а на својот Јутјуб-канал напиша дека „Сплет“ е „класична дупла плоча со четири страни“. Затоа, на посебно видео е дадена четвртата „страна“ на плочата.
Повеќето песни се од албумот „Сончевата страна на улицата“ од 1981 година, но има некои и од првиот албум (исто насловен „Азра“), потоа од „It Ain’t Like In The Movies“ од 1985 година, од „Помеѓу крајности“ (1987) и од последниот албум „Блазе“ (1997).