ЈОНЧЕ ХРИСТОВСКИ ЌЕ ДОБИЕ СПОМЕНИК Битола му оддава почит на легендарниот пејач

„Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“ и многу други песни на Јонче Христовски станаа дел од народното музичко наследство.

581

Естрадниот уметник Јонче Христовски, автор и изведувач на некои од најпознатите македонски народни песни, ќе добие спомен-обележје во неговиот роден град Битола. Споменикот се гради на влезот во Старата битолска чаршија, во непосредна близина на дрвениот мост на реката Драгор — познат меѓу битолчани како Мостот на вљубените.

Изградбата на споменикот се врши со посебно решение за поставување спомен-обележја и скулптури, а инвеститори се Општина Битола и Стопанска банка АД Битола, која е и донатор на иницијативата.






Јонче Христовски (1931–2000) остави длабока трага во македонската музика како пејач, текстописец и композитор со изразен патриотски дух. Тој е автор на безвременските хитови „Македонско девојче“, „Куќа имам на Пелистер“, „Ај засвирете ми чалгии“, „Едно име имаме“ и многу други песни што станаа дел од народното музичко наследство.

Христовски беше познат и по своите настапи низ земјата и пред македонската дијаспора во странство. Во текот на својата богата кариера често настапувал во дует со Виолета Томовска, со која ги испеа и легендарните „Македонско девојче“ и „Ој, Вардаре македонски“.

Поврзани содржини