ОМИКРОНОТ КАЈ ДЕЦАТА ДОВЕДУВА ДО НОВА, НО ПОЗНАТА БОЛЕСТ Специфичен симптом е акутниот ларинготрахеобронхитис
Иако звучи застрашувачки, кашлицата при акутен ларинготрахеобронхитис која наликува на кучепко лаење, обично лесно се лекува, велат лекарите.
Се чини дека омикронската варијанта на ковид-19 ги погодува децата под 5-годишна возраст на нов начин: кај нив се појавува остра кашлица која наликува на кучешко лаење, а позната е како круп.
Иако крупот генерално не е штетен, може да биде застрашувачки за родителите кои се плашат за нивните бебиња и мали деца, кои се премали за вакцина.
Лекарите велат дека ова најверојатно се случува бидејќи се чини дека омикронот има тенденција да се смести повисоко во респираторниот тракт, наместо подлабоко во белите дробови.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.