ЃОКОВИЌ ОДБИЛ ДА Ѝ ПЛАТИ 220.000 ЕВРА, БЛЕСКА НА ЕВРОВИЗИЈА Која е Лаура Паузини? (ФОТО)

Лаура е голема музичка ѕвезда во Италија – снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик, а зад неа се и некои историски успеси.

924

Лаура Паузини е голема италијанска ѕвезда која ја гледаме во улога на водителка на овогодишната Евровизија, заедно со Алесандро Кателан и пејачот Мика.

Во текот на првата полуфинална вечер, Паузини привлече големо внимание, пред сè, со своите модни комбинации. Но, која е Лаура Паузини?






Лаура е голема музичка ѕвезда во Италија – снима песни на италијански, шпански, португалски, англиски и француски јазик, а зад неа се и некои историски успеси.

 

Музички почетоци на осум години

Родена е во Фаенза, гратче на северот на Италија, а пораснала во градот Солароло, каде што со нејзиниот татко, пејачот Фабрицио, почнала да настапува уште на осумгодишна возраст во пијано бар.

Кога наполнила 12 години, ја издала првата песна „I Sogni Di Laura“. Кариерата ја започнала на престижниот фестивал „Санремо“ со песната „La Solitudine“ во 1993 година.

Истата година го издала и својот прв албум кој го нарекла со своето име и презиме, а една година подоцна го објавила и вториот албум „Laura“ кој освен во Италија, доживеал голем успех и во Франција, па некои од нејзиниот тим ја советувале да се обиде да го освои шпансиот и латиноамериканскиот пазар.

Добитничка на големи музички награди

Првиот албум на англиски јазик, „From The Inside“, го издала во 2002 година. Песната „Surrender“ го освои првото место на топ листата на „Билборд“, а и вториот сингл на англиски јазик, „If That’s Love“ на истото место. Нејзината песна наречена „The Extra Mile“ стана саундтракот на филмот „Покемон“. Во текот на кариерата Паузини доби две Светски музички награди, во 1994 и 2003 година за најдобар италијански изведувач, Платинеста награда за најпродавана изведувачка во Европа, латинска Греми награда за најдобар вокал на поп албум во 2005 година и Греми награда за најдобар поп албум. Со тоа, Паузини стана првата пејачка од Италија која ја освои престижната Греми награда.

Еден од најголемите фанови – Новак Ѓоковиќ

Голем обожавател на Лаура Паузини е и најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кој сакал таа да пее на неговата венчавка со Јелена Ѓоковиќ во 2014 година, но Лаура наводно барала 220.000 евра за настап, па Новак се откажал од ангажманот.

 

Пред сопругот, Паузини имала две сериозни врски. Од 1993 до 2001 година беше во врска со актерот Алфредо Черути, а потоа две години со Габриелe Паризи.

Од 2005 година, пејачката е во љубовна врска со својот гитарист и уметнички продуцент, Паоло Карта со кој ја има ќерката Паола.

Раѓањето на наследничката во 2013 година е еден од најважните моменти во животот на Паузини бидејќи таа никогаш не ја криеше својата тешка борба со стерилитетот.

Лаура неколку часа пред втората полуфинална вечер на Евровизија објави серија фотографии и го најави почетокот на евровизиската ноќ.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини