ОДМА ДА СЕ ИЗВИНИШ! Како ги учиме децата да бидат лицемери
Извинувањето станува казна, нешто што се прави под притисок, автоматски рефлекс без никакво значење.
Го однесовте вашето дете во парк и за време на играта тоа турна друго дете во песок, му ја зема играчката или кажа нешто лошо. Чувствувате моментален бран на непријатност, сите ве гледаат и автоматски чувствувате потреба да ги задоволите очекувањата што другите ги имаат од вас.
– Ајде, извини се. Веднаш. Кажи му „извини“ на девојчето!
Детето стои, гледајќи во подот, можеби мрморејќи нешто неразбирливо или уште полошо – пркосно вртејќи ја главата. Го повторувате барањето, вашиот тон станува поостар. На крајот, можеби извлекувате некое наметнато „извини“ што воопшто не звучи искрено. И формата е задоволена, продолжуваме понатаму. Проблемот е решен.
Што всушност се случи во тој момент?
Што учат децата кога ги принудуваме да се извинат
Кога ги принудуваме да се извинат, всушност не ги учиме на емпатија или дека е погрешно да се удираат другите. Ги учиме на послушност. Децата не размислуваат за тоа како се чувствува другата личност. Тие размислуваат за тоа како да излезат од непријатната ситуација што е можно побрзо. Учат дека зборовите се магична формула што ги задоволува возрасните и дека не е важно што мислат или чувствуваат, туку што велат.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.