ОДЛИЧНИ ЗА ВКУС, АМА И ЗА ЗДРАВЈЕ Бамјите се важен фактор за заштита од малигни болести

Бамјата не само што може да се смета за корисна за елиминација на штетните материи од цревата, таа е и важен фактор кога станува збор за заштита од малигни заболувања.

198

Бамјата е посебен вид на зеленчук кој не е популарен само поради својот вкус, туку и поради бројните здравствени бенефити. Позната е и како окра и е неспорно една од најдобрите култури кои можете да ги воведете на вашето мени. Совршено се вклопува во бројни јадења, како додаток во салатите или како главна состојка.

Им користи на дијабетичарите затоа што го нормализира и балансира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, ја ублажува и елиминира опстипацијата, не дозволува пад на имунитетот, а исто така, помага и за проблеми со астмата.






Бамјата не само што може да се смета корисна за елиминација на штетните материи од цревата, таа е и важен фактор кога станува збор за заштита од малигни заболувања. Бидејќи ги отстранува слободните радикали од системот за варење, таа во значителна мерка го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Оние кои веќе заболеле, задолжително треба да си подготвуваат јадења од бамја затоа што ќе ја спречат натамошната мутација на малигните клетки.

Прочитајте повеќе на „Арт кујна“.

Поврзани содржини