ОДЕЈЌИ ПО ТЕНКИ ЛИНИИ, НА КРАЈОТ ЗАВРШУВАТЕ ВО НЕЧИЈА КУЈНА Имаме рецепт за лимон-колачот од перформансот што се одржа во резиденцијата на ЕУ
Во рамки на проектот „Ајде да зборуваме за менталното здравје“ изминатиов месец се одржуваа повеќе активности, меѓу кои и мултимедијалниот перформанс „Одејќи по тенките линии“. Ние, од „Арт кујна“ бевме таму и го пренесуваме она што најмногу му прилега на нашиот портал: рецептот за колачот со кој не заслади актерката Ангела Стојановска како дел од перформансот кој симболично, се одржа во кујна
Мултимедијалниот перформанс кој во текот на овој месец (мај 2024) се изведуваше во
повеќе различни термини во резиденцијата на Делегацијата на Европската Унија на Водно,
беше дел од еден поширок проект насловен како „Ајде да зборуваме за менталното здравје“.
Под овој слоган се одржуваа повеќе активности на тема менталното здравје и уметноста, а
мисијата на проектот е да ја истакне важноста на менталната благосостојба кај човекот низ
призмата на уметноста, како најстаро изразно средство за комуникација, но и да ги крши
табуата поради кои за менталните состојби најчесто се молчи.
Повеќе за ова, како и рецептот, побарајте на „Арт кујна“.