ОДБРОЈУВАЊЕТО СОПРЕ, ИСТОРИСКАТА МИСИЈА ОДЛОЖЕНА Прокапе моторот, Артемида I ќе почека до петок

Следната можност за лансирање на Артемида I ќе биде дури во петок, 2 септември во 12:48 часот по средноевропско време, кога ракетата повторно ќе има два часа за да се вивне во космосот. Тоа значи дека мисијата нема да трае 42, како што беше планирано, туку 40 дена. Ако и ова не успее, следна можност за лансирање ќе биде 5 септември.

331

Одбројувањето сопре. Историската мисија на НАСА, Артемида I е ненадејно откажана, откако по два часа контролорите оне можеле да го решат проблемот со еден од моторите на 98-метарската ракета, каде се јавило прокапување. НАСА вели дека контролорите ќе продолжат да истражуваат зошто тестот за прокапување не бил успешен. Се работи за моторот 3, тип RS-25 кој не можел да ја достигне соодветната температура за палење со криогеничко гориво.

– Сите во вселенскиот центар Кенеди чекаа и сакаа  оваа ракета да оди нагоре. Сега има чувство на разочарување, но не и на изненадување, јавува Би-Би-Си. Мора да се има превдив дека ова е нова ракета, никогаш порано не била изведена низ нејзините темпо, така што ваква ситница секогаш е можна – вели Ребека Морел од центарот.

 






– Но, ако ракетата не работи совршено, таа не може да лета и сите овде го прифаќаат тоа. Нема сомнение дека ќе се обидат повторно, сега само чекаме да дознаеме кога – додава Морел.

– Не сакате да лансирате свеќа додека таа не е подготвена – вели администраторот на НАСА, Бил Нелсон, мислејќи на ракетата.

Говорејќи на каналот во живо на НАСА, тој рече:

– Нема да ја лансираме додека не биде во ред.

 

Ракетата е „многу комплицирана машина“, вели тој, додавајќи дека НАСА го тестира авионот на „начин што никогаш не би го направиле со човечкиот екипаж во авионот“.

– Ова е само дел од вселенскиот бизнис и особено пробен лет – рече тој.

Следната можност за лансирање на Артемида I ќе биде дури во петок, 2 септември во 12:48 часот по средноевропско време, кога ракетата повторно ќе има два часа за да се вивне во космосот. Тоа значи дека мисијата нема да трае 42, како што беше планирано, туку 40 дена. Ако и ова не успее, следна можност за лансирање ќе биде 5 септември.

Капсулата Орион на Артемида I ќе помине шест дена од мисијата во орбитата околу Месечината. Ќе тестира важна технологија, отворајќи го патот за Артемида II, првата мисија со екипаж во орбитата на Месечината по Аполо 17 во 1972 година.

Артемида е древна античка божица на ловот.

Поврзани содржини