ОД ЗОКИ ЏУБОКС ДО МИСТЕР КОФИ Наместо да седам дома и да плетам, јас водам кафетерија
„Никогаш не сум мислел дека ќе водам кофи-шоп, ама еве, после толку години веќе се истрошив, а бидејќи не сум тип кој ќе се пензионира и ќе почне да готви по дома или да оди по риба, за мене е ова одлична опција. Наместо по цели ноќи како порано, сега сум тука од 9 до 3“, вели Зоран Блажевски, алијас Зоки Малиот за својот нов ангажман - Mr.Coffee
Речиси сите го знаат како Зоки Малиот или најчесто, како Зоки Џубокс, а некои сѐ уште го довикуваат со Зоки Поки. По години поминати како сопственик на кафулиња и ноќни клубови во Скопје, Зоки Малиот од пред неколку месеци е конечно во „пензија“. Не, не е класична пензија, не готви по дома и не оди по риба, туку конечно се скраси во кафетерија и наместо по цели ноќи, работи само од 9 до 3
Скопјанецот Зоран Блажевски е познат скопски угостител со кој се поврзани најпознатите локали во градот кои беа собиралишта на актери, музичари, уметници и кој, освен во угостителскиот бизнис, се пробал и како актер, а опеан е и во песна на Владо Јаневски. Тој многупати гостувал и по телевизии раскажувајќи за животот во Скопје некогаш. Нашиот соговорник потекнува од стара скопска фамилија и е прв во семејството кој се занимавал со угостителство. Но не и последен. Неговата ќерка на која токму тој ѝ помогнал да започне со работата, сега има локал во кој се прават најдобрите крофни во градот.
„Никогаш не сум мислел дека ќе водам кофи-шоп, ама еве, после толку години, веќе се истрошив, а бидејќи не сум тип кој ќе се пензионира и ќе почне да готви по дома или да оди по риба, за мене е ова одлична опција. Наместо по цели ноќи како порано, сега сум тука од 9 до 3. Шоте (Саша Шотаровски) ме викна да го видам локалот во кој намислил да се отвори кафетерија, јас дојдов, видов дека има одличен поглед, дека има паркинг, сончева тераса и знаев дека ова мало просторче одлично ќе функционира“, вели Зоки.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.