ОД ЗЕЛЕНО НЕ БОЛИ ГЛАВА Одржлива мода и протеинска храна од инсекти и леблебија

„АРНО“ ги прогласи годинешните зелени идеи. Два македонски модни бренда, едниот за ташни со техника за плетење без создавање отпад, а другиот за дизајнерски шапки создадени од остатоци од текстилен отпад од фабрики во земјава. За ембрионска победничка идеја беше избрана онаа на Благојче Нaјдовски за создавање протеинска храна од наут и трутови ларви, приказна која ќе ви ја раскажеме надолго и нашироко.

77

Вчера (20. јуни) здружението за социјални иновации „АРНО“ ги прогласи победниците од овогодинешниот натпреварот „Зелени идеи“.

Жири комисијата на натпреварот во категоријата зелени идеи ги избра идеите „Дизајн на ташни со техника на плетење без создавање на отпад. Изработени од самохрани мајки“, на Натали Ристовска- ЈОВАНКА МАИСОН ДООЕЛ Скопје и „Дизајнерски шапки“ на Мирјана Јосифоска  од ДПТУ МИР-ЈОС ДООЕЛ, додека за ембрионска победничка идеја беше избрана идејата на Благојче Нaјдовски „APICO-PRO SUPERFOOD“.






Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини