ОД СЕБИЧНОСТ ДО НЕИСПОЛНЕТ ЖИВОТ И ОСАМЕНОСТ ВО СТАРОСТА Шест митови за луѓето без деца
Општеството има многу претпоставки за луѓето без деца кои, генерално, не се многу ласкави. Еве неколку негативни стереотипи кои не се поткрепени со докази.
Експертка за историјата на жените без деца во западната култура, д-р Рејчел Кристил, ја напишала книгата „Како да се биде беа деца: Историјата и филозофијата на животот без деца“.
Во неа таа анализирала многу претпоставки што ги има општеството за луѓето без деца, а кои генерално не се многу ласкави. Еве неколку негативни стереотипи кои не се поткрепени со докази.
Луѓето без деца се невообичаени
Да се биде без деца често се смета за ретко и ненормално. Иако е вистина дека повеќето луѓе ќе имаат деца во текот на нивниот живот, живеењето без деца е повообичаено отколку што мислат многу луѓе, верува Кристил. „Околу 15 проценти од жените во САД ќе доживеат 45 години без да имаат деца“, вели таа, „или по свој избор или затоа што не можат“. Тоа е приближно една од седум жени, што значи дека е почеста од, на пример, леворакоста.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.