ОД ПСИХОЛОГ ДО ШЕФ НА КУЈНА, ОД АЈВАР И МАКАРОНИ ДО „ПАСТРМКА ВО ЗАТВОР“ За малата перфекционистка, сложното семејство и погледот од милион долари

Елена Каневче Христовска, нејзиниот брат Кирил и нивните родители Славица и Кочо Каневче се доказ дека кога едно семејство е сложно и вредно, сѐ е возможно, дури и едно обично мало семејно ресторанче со маси покриени со карирани чаршафчиња, да се преобрази во ресторан со светски изглед и мени ала Мишелин. Единственото што останало исто во дворот на семејната куќа е само најубавиот поглед -, поглед од милион долари

761

Кога син ми беше малечок најмногу сакавме кога сме во Охрид, да одиме на Канео.

Таму можевме и да јадеме и да се бањаме и да уживаме во најубавиот поглед на „македонското море“, далеку од големите плажи и од гужвите.
И секогаш јадевме исто – плашици, компирчиња, салата и лепче.
Плашиците беа секогаш свежи и крцкави, да излиже прсти човек.






И секогаш пред нас беше тој преубав поглед, поглед од милион долари.
Кога после повеќе години со другарка ми, штотуку дојдена од Америка, решивме да одиме на плашици во Охрид, прво што ни падна на памет беше Канео.

Отидовме, ама ништо не беше онака како што памтевме.

Да, сега тоа повеќе не е само нечие дворче со масички покриени со карирани чаршафчиња, сега е многу поелегантно и поубаво, но за жал – веќе нема плашици.

Нема ниту други риби од езерото, ама има јастози, октоподи и мавровски пастрмки.

Луѓето се истите, семејството Каневче кое тогаш во дворот на својата семејна куќа, во тогашниот локал, успеваше да опслужи многу гости пржејќи килограми и килограми секогаш свежи плашици во старата бакарна тава на баба Ленче.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини