ОД ПОЈАДОК ДО ВЕЧЕРА Нутриционистот Владимир Тодоровски открива посно dmBio мени со 80 г протеини

Нутриционистот Владимир Тодоровски открива како изгледа неговото дневно мени за време на постите - практично, вкусно и нутритивно избалансирано, со помош на dmBio производите од dm.

8

Кога станува збор за избалансирана исхрана, едноставните и внимателно одбрани оброци можат да направат голема разлика во текот на целиот ден. Дипломираниот нутриционист Владимир Тодоровски од Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет во Скопје открива како изгледа неговото дневно мени за време на постите – практично, вкусно и нутритивно избалансирано, со помош на dmBio производите од dm.






Денот го започнува со омилена посна овесна каша, која за него е идеален избор за добар почеток на денот. Како база користи dmBio овесни снегулки, надополнети со dmBio напиток од бадем, свежо овошје и dmBio овошно пире од јаболко, црна рибизла и малина. Овој појадок има околу 350 калории и претставува хранлив и едноставен утрински оброк.

Во овој оброк, посебно место имаат dmBio овесните снегулки. Тие се крупни, вегански и со висок удел на протеини, поради што се практичен избор за секојдневна подготовка на појадок. Освен како каша, лесно може да се вклопат и во други рецепти, а токму нивната разновидна употреба ги прави погодни за сите што сакаат брз, но хранлив почеток на денот.

За ужина вообичаено консумира лешници кои се полни со здрави масти. Додека за ручек, изборот паѓа на нешто здраво и едноставно – фалафел со домашен хумус. Овој оброк има околу 650 калории и е одличен пример како и во денови на пост може да се подготви вкусен и хранлив оброк без многу време во кујна. Подготовката започнува со dmBio мешавината за хариса фалафел, придружен со хумус направен од dmBio наут и со варена dmBio црвена леќа, а резултатот е оброк што лесно се вклопува и во динамичното секојдневие.

Токму dmBio мешавината за хариса фалафел е производот што најмногу се издвојува во овој ручек. Таа овозможува брза и едноставна подготовка, а воедно носи поинаква, пикантна нота инспирирана од ориенталната кујна. Се одликува со фин јаткаст вкус, додека пиперката и чили правот му даваат пријатна лутина, што го прави фалафелот интересен избор за сите кои сакаат оброк со повеќе карактер и вкус.

По дневните обврски, подготовките за докторски студии и часовите по танц, денот го завршува со посни палачинки. За нив користи dmBio овесни снегулки, банана и вода, а потоа ги филува со dmBio намаз од кокос и бадем. На крај додава свежо овошје и dmBio агаве сируп, со што добива вкусен и балансиран вечерен оброк. Вечерата има околу 550 калории и претставува пријатен финиш на денот.

Во овој оброк, вниманието го привлекува dmBio намазот од кокос и бадем. Станува збор за вегански производ засладен со урми, подготвен според едноставна рецептура, што го прави интересен избор за сите кои бараат поинаква слатка алтернатива. Неговиот вкус лесно се вклопува во палачинки, појадок или ужина, а токму ваквите производи покажуваат дека и посните оброци може да бидат истовремено едноставни, вкусни и инспиративни.

Вкупниот дневен внес изнесува 1 850 калории, со 80 г масти, 120 г протеини и 180 г јаглехидрати, вредности со кои Владимир ги задоволува своите нутритивни потреби во текот на денот.

Во dm, сите љубители на вкусна, практична и избалансирана исхрана можат да пронајдат разновидни dmBio производи за секој дел од денот – од појадок до вечера. Со внимателно одбрани состојки и инспиративни комбинации, dmBio нуди едноставни решенија за секојдневни оброци кои лесно се вклопуваат во динамичното темпо на живот.

 

Поврзани содржини