ОД ПИШУВАЊЕ „ДНЕВНИК“ НА ФЕЈСБУК, ДО РАКОПЛЕСКАЊЕ ВО АВИОН Навики на постарите генерации што генерацијата З ги смета за засрамувачки
Она што Генерацијата Z го смета за особено досадно е користењето на Фејсбук како личен дневник. Тие не мислат дека е погрешно да ги изразат своите чувства, но мислат дека за тоа постојат поприватни начини.
Кога младите денес ги гледаат постарите генерации, искрено, некои од разликите меѓу нив се едноставно смешни. Тоа е приказна стара колку и времето: децата го сметаат однесувањето на своите родители, баби и дедовци за засрамувачко. Затоа не е изненадувачки што постојат голем број работи што ги прават припадниците на генерацијата X и Бумерите, а Генерацијата Z ги смета за длабоко засрамувачки, пишува YourTango.
Многу од овие разлики имаат врска со комуникацијата.
Генерацијата Z е навикната да живее пред екраните и постојано да споделува приватност на интернет, додека Генерацијата X и Бумерите пораснаа во сосема поинаков свет кој беше сведен на телефонски повици и состаноци лице в лице. Со оглед на тоа што пораснаа во драстично различни социјални и политички околности, разбирливо е дека генерацијата Z има различни вредности и интереси. Токму овие различни перспективи и начини на интеракција со светот создаваат совршена средина за бројни незгодни моменти и чувства на засраменост.
Долги, емотивни објави на Фејсбук
Постарите генерации се страствени корисници на Фејсбук – 29% се Бумери, а 26% се Генерацијата X. Од друга страна, Генерацијата Z најчесто користи други платформи како Инстаграм или Тик-Ток. Но, она што Генерацијата Z го смета за особено досадно е користењето на Фејсбук како личен дневник. Тие не мислат дека е погрешно да ги изразат своите чувства, но мислат дека за тоа постојат поприватни начини. Читањето тиради што се протегаат на неколку пасуси им изгледа како целосно трошење енергија.