ОД ПАНК-МУЗИЧАР ДО ЧОКОЛАДИЕР Хрватскиот Вили Вонка направи чоколаден намаз со маст од црни свињи
Првиот сплитски панкер и водач на групата „Народно благо“ во која гитара свирел Нено Белан („Џаволи“), денес произведува чоколади и зачини. Маринко Бишкиќ е и прв производител на крафт чоколади во Хрватска, а неговата компанија „Надалина“ извезува и во Шведска. По неговите намази со маслиново масло, сега го направил и најновиот деликатес - намаз од какао, лешници и маст од црни свињи.
На неодамнешниот фестивал на чоколадото во Опатија, Хрватска, имало триста слатки чуда, но чоколадниот деликатес на сплитскиот чоколадиер Маринко Бишкиќ, познат и како хрватскиот Вили Вонка, но и како Фон Бишкиќ, привлекол најголемо внимание. Станува збор за чоколаден намаз со маст од црни славонски свињи од фармата која ја основале славниот хрватски фудбалер Домагој Вида и неговите другари од детството.
Овој вистински Вили Вонка е сопственик на Надалина, компанија со седиште во Сплит (всушност фабриката е во Солин) која произведува крафт чоколади и различни зачини. Чоколадите на Надалина можете да ги најдете токму во срцето на Диоклецијановата палата.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.