ОД КГБ-АГЕНТ ДО ЏУДО-МАЈСТОР Путин целиот живот се борел со Западот
Еднаш учествувал во операција со крадење на списи за технолошки тајни, а другпат во уценување на виден професор со „порнографски материјал“. Во соработка со Штази службите, тајната полиција на Источна Германија, прислушувани биле стотици илјади Германци и проверувани биле илјадници документи. Според архивите, 10.000 Германци биле мета на службите, а со тоа и на КГБ.
Морал да се тепа со постари од него, што го навело уште како момче да размислува да тренира џудо, а уште пред да заврши средно школо посакал да се вклучи во тајната полиција КГБ во Германија, за еден ден да стане најмоќниот лидер на Истокот и повторно да се бори со Западот. Владимир Путин има 70 години, а владее со Русија веќе 22 години враќајќи го митот за царска, православна Русија исчистена од комунизмот на СССР иако власта токму му ја додели Борис Јелцин во 1999 година, предлог кој на почетокот Путин го отфрлил велејќи дека не е подготвен.
– Јелцин беше многу изненанден. Тој беше човек што сѐ сфаќаше брзо. Ме праша: „А зошто?“, а јас му реков: „Господине Јелцин, не сум подготвен“. А, бев возрасен човек и долго време работев во различни државни структури – се сеќава Путин во една прилика.
Јелцин бил изненаден, но бил сигурен во својот избор.
– Не, тоа не беше слабост, не можете да го наречете Путин слаб. Тоа беа сомнежите на еден силен човек – наводно биле зборовите на Јелцин, кој за Путин слушнал од својот висок соработник Јумашев кој му ја дал и првата задача на Путин уште во 1997 година.
Се чини дека Путин секогаш бил во внатрешната, длабока држава. Растејќи во област која сега е во склоп на градот Санкт Петербург, бил на самата граница со Западот. Тој не потекнувал од богато потекло и неговото детство било доста тешко. Политичката кариера му започнала дури во 1996 година кога со неговото семејство се преселиле во Москва.
Имал штази-карта, прислушувал и уценувал
Уште во своите денови во Дрезден, Путин во 1985 година бил назначен за шпион. Под маската дека е преведувач од руски на германски, тој помагал да се одржат врските меѓу руски граѓани и разни дипломати од Источна и Западна Германија. Според Политико, тој ѝ обезбедувал оружје на тајната студентска организација Црвена Армија која се состоела од млади Германци на Западот, а која постоела од 70-тите па сѐ до 1998 година. Членовите на органзацијата се во затвор, а дел починати, па тешко е да се провери дали тие на Путин навистина му давале списоци со оружје кое требало од Русија да биде пренесено отаде Берлинскиот ѕид.
Според порталот COLLECTIV, Путин имал многу поголеми овластувања одошто се мисли. Еднаш учествувал во операција со крадење на списи за технолошки тајни, а другпат во уценување на виден професор со „порнографски материјал“. Во соработка со Штази службите, тајната полиција на Источна Германија, прислушувани биле стотици илјади Германци и проверувани биле илјадници документи. Според архивите, 10.000 Германци биле мета на службите, а со тоа и на КГБ.
Самиот Путин имал лична карта од Штази службите, за да може да регрутира нови луѓе.

Изгоревме толку документи, што се расипа печката
Вистинито или не, Путин брзо напредувал во структурите на КГБ, за во 1990 година да добие бронзен медал за својата служба во Народната армија на Источна Германија. Две години претходно, во 1989 илјадници демонстранти го рушеле Берлинскиот ѕид, а протестите стигнале и до Дрезден, каде била неговата канцеларија. Во својата биографија, Путин вели дека панично побарал од Москва инструкции како да продолжи, но не добил одговор. Не преостанувало друго освен со колегите да ги изгорат сите материјали од нивната работа.
Путин и самиот лично изгорел многу документи. Според биографијата, изгореле толку „што печката се расипала“. До Москва стигнале само основните документи.
– Советскиот Сојуз тогаш ја загуби својата положба во Европа, иако интелектуално разбирав дека позиција базирана на ѕидови(Берлинскиот) и реки не може вечно да трае. Но, јас сакав нешто друго да порасне на местото на СССР. А, ништо такво никој не предлагаше. Тоа е она што ме болеше – се сеќава Путин на бурните денови.
Непријатно е да се биде таксист
Добро е познато дека Путин повремено возел такси во тешките години од распадот на комунизмот.
– Понекогаш морав да заработам дополнителни пари. Мислам, да заработите дополнителни пари со автомобил, како приватен возач. Непријатно е да се зборува за да бидам искрен, но за жал тоа беше ситуацијата – вели тој и додава:
– Во тоа време, такси-возилата беа реткост во Русија, а многу лица развозуваа непознати луѓе за да врзат крај со крај. Некои дури ги користеа и своите службени возила, на пример амбулантните возила како свое такси.

Не постои такво нешто како „поранашен КГБ агент“
Путин во 90-тите се вратил во Петроград со жената и децата, велејќи дека се пензионрал од КГБ. Но, во едно интервју од 2004 година ќе рече:
– Не постои нешто такво како „поранешен КГБ агент“.
Всушност, тој продлжил да работи како шпион иако за малку ќе го отпуштеле бидејќи се дознало дека дозволил да биде продаден евтин челик во замена за хуманитарна помош за СССР која не пристигнала. Отказот не пристигнал, а Путин бил вработен како помошник на градоначалникот на Петргорад, Собчак, сѐ до неговото паѓање од власт во 1996 година. Тогаш и Путин заминува за Москва, за веќе следната година да се вработи во кабинетот на Борис Јелцин.
Путин ги добива изборите во 2000 година со 53 отсто поддршка, а неговите поранешните пријатели од КГБ исто така се на високи позиции или од сенка владеат со руската политика во наредните години. Неговата популарност растела поради неговото брзо справување со Чеченската војна и криза. Веднаш штом ја добил власта, се смета дека отишол во старото седиште на КГБ да се пошегува со колегите, дека ете, планот за заземање на власта е комплетиран.
Ја нападнал Украина поради нискиот рејтинг?
Поранешниот пишувач на говорот на рускиот претседател Владимир Путин, кој моментално живее во Израел, во неделата за израелските медиуми изјави дека Путин , е „подготвен да ја запре окупацијата, но“ му треба трофеј за да и го претстави на пошироката руска јавност и руската елита“, пишува Мондо.
– Неговиот рејтинг паѓа во последните три или четири години, така што Путин ќе се соочи со сериозни проблеми – вели тој за причината зошто Путин ја нападна Украина.
Гаљамов рече дека Путин мислел дека неговата инвазија на Украина ќе биде брза и одлучувачка и дека ќе биде завршена за „два или три дена“, по што ќе може да наметне марионетска влада.
Рускиот претседател, додаде тој, „разбира дека влегол во неволја и дефинитивно не сметал на тоа“. Освен тоа, рече Гаљамов, примарниот мотив за инвазијата „нема никаква врска со Украина, САД или НАТО“, туку со опаѓачката популарност на Путин во земјата, пренесува Алгемајнер.
Путин го слуша само Си, другото не е важно
Гаљамов смета и дека израелскиот премиер би можел да влијае на Путин за да се повлече од Украина, поради добрите односи на Израел и Русија. Но, според политикологот Кристијан Хејк, Путин најмногу од сите го слуша кинескиот претседател Си ЏинПинг.
– Дури и ако израелскиот премиер Нафтали Бенет по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин и канцеларот Олаф Шолц објави дека сака да продолжи со напорите за посредување, во сегашната ситуација Израел ги нема потребните способности да влијае на Путин и на Кремљ – рече Хаке.
– Ако Путин некого некогаш сака да слуша, тоа е Си – додава тој велејќи дека Западот треба да најде начин прво да разговара со Си за Си да го убедува рускиот човек број еден.