ОД КАДЕ ПОТЕКНУВААТ НАШИТЕ СТРАВОВИ? Од што се плашат вашите деца и како да им помогнете?
Во првите години од животот стравот е реакција на конкретни работи и лица, а нешто подоцна, на шестгодишна возраст, стравот сè уште го предизвикуваат нереални, измислени суштества и ситуации, но покрај тоа и децата и возрасните можат да се плашат од разни работи и ситуации, како змии, возење со лифт, вода, куче, смрт, болест.
Неизоставен дел од животот на секој поединец е емоцијата на страв. Стравот е емоција на избегнување, токму поради тоа што е врзана за одредено искуство на опасност. Почнувајќи од најраното детство, во текот на целиот живот, се соочуваме со различни стравови. Стравовите се поделени во три групи:
- вродени, како страв од губење на позадина и гласен звук,
- развојни и
- недоволно развиени или стекнати стравови.
Повеќе за ова на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.