ОД ИТАЛИЈА, ПРЕКУ ЈУЖНА АФРИКА И ЛОНДОН, ДО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ Кејт Каприо го почна фотографирањето за книга за македонската кујна – со лутеница
Нашата нова пријателка Кејт Каприо е фотографка за храна која првпат доаѓа во Македонија, а поводот е правењето фотографии за книгата за македонска храна што ја пишува нашата Спасиа Динковски. Првата фото-сесија беше, погодувате, онаа за приказната за семејните традиции за правење ајвар и лутеница.
Кејтлин Каприо е фотографка на храна која живее и работи во Лондон. Инаку, таа е Италијанка родум од Милано, порасната во Јужна Африка, а веќе 10 години живее во Лондон.
Нејзината работа како фотографка за храна,опфаќа различни ангажмани, па некогаш е тоа фотографирање на храна за ресторани и хотели, некогаш за книги за готвење, но секогаш е храна и пијалаци.
Вели дека со оглед на професијата, во принцип, секогаш јаде изладена храна. Тоа не ѝ пречи да ужива во вкусовите бидејќи е голема гурманка и, како што вели, нејзиниот одговор кога ќе ја прашаат дали сака да проба нешто е секогаш – ДА.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.