ОД ИЊЕРА ЛЕБ ОД ЕТИОПИЈА И СИРОВА ХРАНА ОД ХИМAЛАИТЕ, ДО БАЛКАНСКИ БУРЕК Сите патишта водат кон Торино, на најголемиот глобален самит за храна
На Тера Мадре, најголемиот глобален самит за иднината на храната, кој се одржува од 22 до 26 септември во Торино, меѓу бројните од цел свет, ќе бидат презентирани и дегустирани и автентични македонски производи. Најпознатиот извозен бренд во Италија, овчеполското јагне, традиционални сирења, мед и пчелни производи, свадбарска валандовска погача и слатко од диви смокви, македонско вино, ама и македонска гостопримливост преку презентација на првиот водич „Слоу Фуд гостилници“.
Најголемиот и најважниот меѓународен настан посветен на политиката за храна, одржливото земјоделство и животната средина, организиран од Слоу Фуд, регионот Пиемонт и градот Торино, Тера Мадре 2022 ќе се одржи од 22 до 26 септември во Паркот Дора во Торино, Италија. Слоу Фуд Македонија како дел од глобалната мрежа Слоу Фуд Интернешенел и годинава ќе учествува на овој супер важен настан за иднината на храната во светот со повеќе од 50-члена делегација составена од производители, едукатори, готвачи, активисти и членови на ова движење.
Тука, на овој глобален собир на производители на храна од целиот свет ќе се најдат многу производи, од ињера леб од Етиопија и сирова храна од Химaлаите, до балкански бурек, бугарски ферменти, валандовска свадбарска погача, прилепски ширден,… сѐ што може да ја разбуди љубопитноста на посетителите кои ќе се сјатат деновиве во Торино!
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.