ОД ДОМ ЗА ДЕЦА ВО СКОПЈЕ, ДО ТАНЗАНИЈА И НАЗАД, НА УЛИЦА! Кој е надлежен за скопјанката Кизи која веќе 2-3 недели спие на клупа?

Славјанка Најденовска која уште како мала го добила прекарот Кизи е родена во 1975.година. Пораснала без родители, во Дом, а животот кон неа никогаш не бил милозлив. Десет години живеела во Танзанија, а кога нејзиниот старател починал, ја депортирале во Македонија. Меѓудругото, има шизофренија, била на лекување во „Бардовци“, а сега е на улица, оставена на милост и немилост на минувачите и на уличните кучиња.

1,009

Славјанка Најденовска е родена во Скопје, но уште како бебе била однесена во домот за доенчиња во Битола. Животот за неа не бил никогаш лесен, особено затоа што уште од мала била поинаква од другите. Иако не се знае кои ѝ биле родители, нашата читателка која ни се јави и не замоли да ѝ помогнеме, а ја познава уште од времето додека била дете, вели дека Кизи (прекар кој Славјанка го носи од детството), веројатно се родила како плод на врска помеѓу Македонка и некој од студентите од Африка кои во 80-тите доаѓаа на студии во тогашната СФРЈ.

Освен што пораснала без родители, Кизи има и душевно растројство, шизофренија, а веројатно и уште некои други дијагнози поради кои никогаш не можела да се грижи сама за себе.






Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини