ОД БЕЗДОМНИК ДО ПРЕТПРИЕМАЧ Нова шанса за нормален живот преку производство на биохумус
Нашиот сограѓанин Саше Спасовски е еден од оние кои во животот добиваат втора шанса – после 5 години како бездомник, ја прифатил подадената рака од здружението „Ин Виво“ и се реинтегрирал во општеството.
Една од основните цели на здружението „Ин Виво“, благодарение на кое нашиот сограѓанин Саше Спасовски добил втора шанса и после 5 години како бездомник ја прифатил подадената рака и се реинтегрирал во општеството, е да им се помогне на маргинализираните категории на лица, во случајов, на бездомниците, да се тргнат од улица, да се вклучат во производство на биохумус, да заработуваат и да се чувствуваат како корисни членови на општеството.
Здружението чиј извршен директор е Дејан Стојановиќ е формирано во август 2018. година, а го формирале седум ентузијасти со различни професии, остварени професионалци со различни експертизи во повеќе сфери и индустрии од ‘реалниот’ сектор. Тие одлучиле да создадат здружение кое ќе придонесе за достоинствени социо-економски услови и инклузија на ранливите групи во сферите на општествено живеење на тој начин што ќе развијат повеќе модели на социјално претприемништво во кои би биле ангажирани овие лица, меѓу кои и бездомниците.
Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.