ОД БАКЛАВАТА НА СУЛЕЈМАН ВЕЛИЧЕНСТВЕНИОТ ДО ДЕНЕС Чија е таа баклава?

За време на владеењето на султанот Сулејман Величествениот кој бил голем обожавател на жените и баклавата, тој вовел посебна церемонија позната како парада на баклава или alayiparad. Создавањето на баклавата си го присвојуваат многу народи, но најголемиот спор беше меѓу Грција и Турција до 2013.година, кога Антеп-баклавата стана првиот турски производ регистриран во ЕУ.

1,274

Фината грешно слатка и неодоливо сочна баклава е секако една од најстарите, најраспространетите и најомилените слатки креации во светот, која традиционално е резервирана за најважните и најсвечените семејни настани и празници. Во волшебниот вкус на баклавата уште од памтивек уживале многу народи и затоа многумина со право го присвојуваат нејзиното создавање. Но, особено жестоки дебати за потеклото на баклавата се водат меѓу Грција и Турција, што е интересно за гурманите, но не и премногу важно.

Баклавата со фил од ореви, бадеми или ф’стаци со кои се исфилувани тенки, тенки листови тесто обилно прелиени со сладок сируп од шеќер, мед и зачини, која се појавува во многу облици и вкусови, е омилена во многу делови од светот.
Се обожава на Медитеранот, Блискиот Исток и на Балканот, а меѓу оние што си ја присвојуваат освен Грците и Турците се и Босанците, Албанците, Арапите, Ерменците, Бугарите, па и ние, Македонците.
Долгогодишниот спор меѓу Турција и Грција во врска со потеклото на баклавата беше конечно решен во 2013.година кога Антеп-баклавата стана првиот турски производ регистриран во Европската унија.
Стопанската комора на градот Газиантеп го направила првиот чекор за регистрација на Антеп-баклавата во 2009 година заради расправиите кои се воделе меѓу Турција и Грција и после четири години Антеп баклавата станала прв турски производ кој е регистриран во ЕУ.






Повеќе за ова на порталот „АРТ КУЈНА“.

Поврзани содржини