ОД +21 НА -11 ВО ИСТО ДЕНОНОЌИЕ Во САД регистриран рекорден пад на температурата
Отидовме од лето во зима за 24 часа, велат жителите на Медисон во американската држава Висонсин каде е забележан пад на температурата за 30 степени во текот на 24 часа.
Во градот Медисон во американската држава Висконсин температурата се намали за повеќе од 30 степени Целзиусови во рок од 24 часа, што е рекорден пад на температурата во САД, соопшти Националната метеоролошка служба (НБЦ).
Во вторникот, во Медисон беше сончево и температурата беше 21,1 Целзиусови степени, додека во средата наутро беше 11,7 степени под нулата, со што беше израмнет 113-годишниот рекорд за ненадејна промена на температурата на воздухот во САД.
Record temperature drop! We’ve gone from summer to winter, plummeting 56° since yesterday afternoon. That breaks the old record by at least 3° #wiwx #brrr pic.twitter.com/f2idpmGO9E
— Max Tsaparis (@MaxTsaparis) February 28, 2024
Си-Би-Ес наведува дека историските податоци за температурата се нецелосни, па не може да се каже дали сепак ова е рекорд.
Според НБЦ, Висконсин овој месец имал невообичаено топла зима, а просечните температури овој и минатиот месец се движат околу 13 степени под нулата.