НОВОТО ЧУДО ШТО ВЕЌЕ ГО ЗАМЕНУВА ГУГЛ Самото пишува есеи, мејлови, кодира и прави муабет

Чат ГПТ успеал да напише 13-то правило покрај веќе постоечките 12 правила од книгата „Повеќе од ред“ на Питерсон и тоа по инструкција есејот да биде напишан во комбинација на стиловите на Тао Те Чинг, источната книга за филозофија и Библијата, онаа од времето на кралот Џејмс. Одговорот бил долг четири страни, а биле потребни три секунди тој да биде напишан.

524

Пред неколку години, ако некој ви речеше дека нешто може да го замени Гугл и да му биде конкуренција, веројатно немаше да му верувате. Но, една платформа за вештачка интелигениција го прави токму тоа во моментов. Чат ГПТ, проект на ОпенАИ може самиот да пишува есеи, мејлови, содржина за маркетинг и дури и да кодира по претходно дадени инструкции – напишани на разбирлив човечки јазик во обичен прозорец за муабетење.

Тој понатаму може да ги менува одговорите, а вие да ги доспецифицирате вашите барања.






Програмерите во Силиконската долина веќе се плашат за своите работни места. Можеби тоа е затоа што платформата имаше милион посети за пет дена од своето појавување на 30 ноември годинава. Платформата е толку преоптоварена во последно време што можеби ќе треба и да почекате за муабет. А кога познатиот психолог Џордан Питерсон побарал од оваа нова интелигенција да напише есеј базиран на негова сопствена книга, бил изненаден. Текстот немал видливи грешки и несогласности за да се препознае дека е генериран од софтвер.

Чат ГПТ успеал да напише 13-то правило покрај веќе постоечките 12 правила од книгата „Повеќе од ред“ на Питерсон и тоа по инструкција есејот да биде напишан во комбинација на стиловите на Тао Те Чинг, источната книга за филозофија и Библијата, онаа од времето на кралот Џејмс. Одговорот бил долг четири страни, а биле потребни три секунди тој да биде напишан. Три секунди за да се направи троен пресек на таоистичката етика со христијанската, со конкретна книга на еден автор. Секако, времето на одговор зависи од серверот кој моментално е преоптоварен со нови луѓе кои би сакале да си помуабетат со чатот кој дава впечаток дека е човек, бидејќи бил „хранет“ и уште се „храни“ со материјали од човечкиот јазик. Нема граматички грешки, како што тоа досега беше кај други чат-ботови кои имитираат луѓе.

Чат ГПТ користи невролингвистичко програмирање(НЛП) за да ги разбере вашите сложени реченици, притоа давајќи им предност на клучните зборови. Се покажа дека ова е доволно добро за да се направи мост меѓу  Засега тој е хранет со информации кои завршуваат со годината 2021, но тоа веќе ќе се смени годинава. Како ќе изгледа неговата моќ кога тој ќе ја има архивата на Гугл?

Зошто ова е подобро од Гугл, или барем така се чини во моментов? Персонализираниот пристап, каде вие специфично во поголема реченица ќе побарате нешто од чатот, без притоа тој да ви листа повеќе решенија е нешто ново. Наместо да барате рецепт за торта со ореви, можете да го прашате чатот и да направите своја торта на ваш начин. Свој вебсајт, свој код и своја бизнис стратегија без помош од други луѓе.

Светот на маркетингот нема да биде ист. Чат ГПТ пишува релативно точна содржина за реклами или за мејлови, а може да биде специфичен колку што сака корисникот. Потоа, може и да го напише кодот со кој оваа реклама периодично ќе се појавува на вашите пејџови, групи…

Сакате да се заштите од оваа вештачка интелигенција? Можеби подобро да ја користите оваа вештатчка интелигенција за да ги ловите спам мејлови кои стигнуваат на вашиот мејл на работа или за да направите ваш персонализиран мејл во личен стил кој ќе биде доволно сложен за друг да не може да го копира и злоупотреби.

Интернетот е преплавен со приказни за Чат ГПТ во само месец ипол од неговото појавување. Вработен во компанијата Тесла побарал од машината да му предложи 10 програмерски проекти со кои ќе може да му се пофали на својот шеф дека работел во последно време и меѓу другото, со секој од нив да го напише и кодот за проектот. За неколку секунди имал прилично добро оправдување за својата мрзливост.

Некој друг напишал, „дај ми го сценариот на следниот холивудски блокбастер од 900 милиони долари“. Трет побарал од чатот да му направи диета за слабеење тотално наменета за него, според неговите карактеристики…Зарем тоа не е побрзо од Гугл? Дури и Гугл да не биде заменет, дали ова значи дека едноставно пазарот на ваквите суперкомпании за супер-софтер се проширува?

И што ни останува на нам луѓето во таквиот универзум на ЧатГПТ? Наместо пишувачи на текстови ќе бидеме уредувачи или уредници, а тоа изгледа ќе важи за многу професии и дисципплини.

Без забуна, уредување на нечија работа не е помалку тешко од создавањето, па бил авторот и вештачка интелигенција со 570 гигабајти информации „искуство зад себе“!

Поврзани содржини