НОВОГОДИШНИТЕ КОЛАЧИ НА МАМА Можеби немаат совршена форма, ама имаат одличен вкус

Во овој претпразничен период сите прават колачи, ги фотографираат и ги ставаат на социјалните мрежи. Кои од кои поубави. Нашите дефинитивно немаат совршени форми, ама со вкусот нема утка

167

Пред празниците мајка ми секогаш правеше два вида на колачи. И едните и другите ги викаше новогодишни и ги правеше во гооолеми количини. Да има. За пред, за време на празниците, па и за после. А ваквите колачи се добри затоа што можат долго да траат. Ги вадеше со нејзините калапи за колачи кои уште ги чувам. Секогаш ги украсуваше едните со чоколаден, а другите со оној бел шеќерен прелив. Одозгора ставаше оревче, бадемче или ситни шарени ронки.

И беа многу многу вкусни, дури и колку подолго стоеја, толку беа повкусни.






Во едните кои во суштина ја имаа истата база, ставаше мелени ореви, а во другите кора и сок од портокал.

Ама мајка ми повеќе ја нема, а ги нема ниту нејзините колачи. Веќе цели две години.

Рецептот побарајте го на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини