НОВОГОДИШНИ, ЗДРАВИ, ПОСНИ И ВКУСНИ Ароматични празнични колачи
И ако постите или имате здравствени проблеми па мора да внимавате на исхраната, сепак можете да си дозволите вакви празнични колачи кои се и здрави и посни и вкусни и ќе ви го исполнат домот со прекрасни миризби.
Можеби некому му звучи неверојатно, ама не е. Секогаш постојат поздрави варијанти за секое јадење, па на оние кои се вегани, постат или од некои причини мора да се придржуваат кон некој режим на исхрана кои секако не дозволува колачи, им го нудиме овој рецепт за вегански новогодишни кекси со ароматични зачини. И не мора да сте ништо од сето ова. Едноставно, за сите е подобро да одберат некоја поздрава варијанта за себе и за своето семејство, а сепак да им мириса на Нова година и Божиќ.
Рецептот кој го најдовме звучи токму така – и здраво и вкусно и миризливо.
Ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.