НОВО „ТЕМНО“ ОТКРИТИЕ ЗА ТЕМНАТА ЕНЕРГИЈА Универзумот не се шири туку ќе колабира?
Во кратки црти, научниците сега сметаат дека темната енергија не е константа, туку променлива која слабее и дека, ако тоа е точно, водството во универзумот ќе го преземе силата на гравитацијата. Со други зборови, наместо „Големо раскинување“ од претераното забрзување, може да имаме „големо смачкување во една точка“.
Новите податоци за таканеречената темна енергија сугерираат дека космосот повеќе не се шири забрзано, туку се скратува. Па дури, еден ден може и целосно да колабира. Со други зборови, наместо „Големо раскинување“ од претераното забрзување, може да имаме „големо смачкување во една точка“.
Во кратки црти, научниците сега сметаат дека темната енергија не е константа, туку променлива која слабее и дека, ако тоа е точно, водството во универзумот ќе го преземе силата на гравитацијата – стариот ривал на темната енергија.
До откритието дошол тимот на професорот Јонг-вук Ли од Универзитетот Јонсеи во Сеул. Тимот споредувал податоци од експлозии на големи ѕвезди, познати како супернови. Тие претпоставиле дека сите супернови немаат ист сјај. Земајќи ја притоа предвид и староста на секоја од галаксиите во која се наоѓале суперновите, тимот открил дека светлината варира повеќе отколку што се мислело.
Оваа корекција довела до неочекуван заклучок: забрзувањето на универзумот всушност, слабее. Со други зборови, темната енергија ќе стане послаба од гравитацијата, со што ѕвездите и планетите и целиот времепростор ќе се приближуваат кон себеси, што може да да доведе до смачкување, гужвање во една точка во која сè може да исчезне.
– Судбината на универзумот ќе се промени ако темната енергија не е константна. Тоа ја менува целата космолошка парадигма – изјави професорот Ли за Би-Би-Си.
Слични сигнали биле забележани и со инструментот за темна енергија (DESI), кој годинава детектираше можни промени во брзината на ширење на милиони галаксии. Иако резултатите сè уште се предмет на дебата, тие предизвикаа голем интерес во научната заедница.
Сепак, дел од астрономите остануваат внимателни. Тие укажуваат дека се потребни уше мерења на суперновите.