НОВО РЕМЕК ДЕЛО НА САНДРО ВЕРОНЕЗИ „Колибри“ за хаотичниот живот на смирениот човек
Колибри е прекарот на главниот лик во истоимениот роман, наметнат од другите поради неговиот низок раст. Тој пораснал во дом без љубов, исполнет со тензија и трауми. Таквата состојба го направила неподготвен за живот со сопственото семејство, бидејќи тој не ни знаел како изгледа љубовта.
Сандро Веронези е еден од малубројните автори, кој на светската слава не мораше многу да чека. Со неговиот дебитантски роман „Силата на минатото“ од 2000 година, тој веднаш се вивна меѓу најчитаните писатели во светот, откако огромен број на издавачи го преведоа неговото дело од италијански јазик.
Веронези го повтори успехот, овојпат со романот „Колибри“, објавен во 2019 година, за кој беше награден со престижната награда „Премио стрега“.
Колибри е прекарот на главниот лик во истоимениот роман, наметнат од другите поради неговиот низок раст. Тој пораснал во дом без љубов, исполнет со тензија и трауми. Таквата состојба го направила неподготвен живот со сопственото семејство, бидејќи тој не ни знаел како изгледа љубовта. Главниот јунак го краси присебноста во речиси сите моменти од немирниот живот. Тој е мирен во хаосот околу него, а делува спокоен и кога неговиот свет потполно се руши.
„Колибри“ дава и редок приказ на состојбите во Италија, но и во прочуениот град Фиренца во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век. Земјата е постојано во некаква криза, а некогаш величенствениот град е само бледа сенка од изгледот во славната историја.
Тоа е одличен роман за летниот одмор, но не би смеело да се смета за некакво лесно четиво. Читателот тешко доаѓа до вистината, но по патот го чекаат навистина големи изненадувања. „Колибри“ е исполнет со неочекувани пресврти.
Во овој роман поденакво добро се опишани и љубовта и трагедијата, како и надежите и разочарувањата. Животот на ниту еден човек не е црно-бел, туку најчесто е сив, па таков е и Колибри, човекот кој ја посакува љубовта, иако никогаш и немал шанса да дознае како таа изгледа.
„Колибри“ на македонски јазик го преведе Анастасија Ѓурчинова, а издадено е во едицијата Проаза на Или-Или.