НОВИТЕ КОЦКИ НА ЛЕГО СЕ „ЖИВИ“ КОЦКИ Се брише границата меѓу играта и технологијата?

Класичната коцка доби мозок – „Смарт Брик“ на Лего ја спојува магијата на рачната игра со интелигентна технологија без екрани.

1,383

На саемот на технологија СЕС 2026 во Лас Вегас, данската компанија Лего ја претставила својата најголема иновација по повеќе од половина век – Смарт Брик, нов тип коцка со микрочип, сензори и звук кој ја трансформира класичната игра во интерактивно искуство.

Интелигентна коцка што „мисли“






Смарт Брик изгледа како обична Лего коцка, но во нејзината внатрешност има микропроцесор, сензори за движење и светлина, акцелерометар, мини звучник и ЛЕД осветлување. Реагира на допир и движење, овозможувајќи играчите да создаваат модели што светат, звучат и „одговараат“ на акцијата — без екран, апликација или Ви-Фи.

„Не сакаме децата да гледаат во екран, сакаме да гледаат во својата имагинација“, изјавиле од Лего.

Смарт Плеј 

Интелигентната коцка е централниот елемент на новата Смарт Плеј платформа, која вклучува Смарт Тагови (плочки со дигитален идентификатор) и Смарт Минифигури (минифигури со вграден код). Кога Брикот ќе препознае таг или фигура, активира соодветни звуци и светлосни секвенци, овозможувајќи вистински сценски ефекти – светлосен меч што зуи, автомобил што „брмчи“, или куклен театар што оживува.

Првите сетови ќе пристигнат на 1 март 2026 година, а нарачките започнуваат на 9 јануари. Меѓу нив се Луковиот Црвен Пет Х-Винг, Тај Борецот на Дарт Вејдер и Дуелот во Тронската сала и А-Винг – сите со вградени интерактивни функции и Смарт Брик во центарот на конструкцијата.

Иднина без екран

Лего нагласува дека Смарт Брик не е дигитална играчка, туку „физичка креативност со интелигенција“. Компанијата се обидува да ја врати магијата на аналогната игра во доба кога децата се опкружени со екрани.

Според „Верж“, ова е најзначајната промена од воведувањето на минифигурите во 1978 година – чекор што може повторно да го дефинира начинот на кој светот игра и создава.

Поврзани содржини