НОВИТЕ АМЕРИКАНСКИ СОВЕТИ ЗА ИСХРАНА ПРЕДИЗВИКАА УЗБУНА Контрадикторни препораки и директни дезинформации
Новите американски совети за исхрана (DGA) за 2025-2030 година предизвикаа узбуна кај експертите и јавноста кратко откако беа објавени на 7 јануари 2026 година.
Научниците од организациите The Center for Science in the Public Interest и The Center for Biological Diversity ги нарекоа новите американски совети за исхрана (DGA) за 2025-2030 година кои беа објавени на 7 јануари 2026 година, премногу благи, нејасни и под политичко влијание на американската прехранбена индустрија.
Во заеднички одговор, тие ги објавија сопствените „Бескомпромисни препораки“, во кои бараат построги ограничувања за ултра-преработена храна, додадени шеќери и црвено месо, како и посилен фокус на здравјето и животната средина.
– Додека месната и млечната индустрија можеби се воодушевени од новата пирамида на исхрана, американската јавност не треба да биде; упатствата за протеини и масти во оваа DGA се збунувачки во најдобар случај, а штетни во најлош случај… Покрај тоа што дава контрадикторни препораки, документот, исто така, шири директна дезинформација дека „здравите масти“ вклучуваат путер и говедска маст – предупредуваат научниците, пишува Индекс.хр.
Проблематичната пирамида
Новите упатства се придружени со визуелна илустрација – пирамида која делумно испраќа сосема погрешни пораки.
На пример, може да се создаде впечаток дека црвеното месо и полномасното млеко се храна што е добро да се консумира во големи количини. Ова е контроверзно бидејќи црвеното месо е класифицирано како веројатно канцерогено од Меѓународната агенција за истражување на ракот (IARC), додека Светската здравствена организација (СЗО) препорачува ограничување на внесот на заситени масти, кои главно се наоѓаат во производите од животинско потекло.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.