НОВИОТ PEUGEOT 2008 Енергичен, моќен и робустен – идеален за активни семејства

Новиот PEUGEOT 2008 го потврдува движењето кон иднината и влегува во нова димензија, благодарение на неговиот дизајн, кој е повеќе SUV од кога било досега, поврзаност од новата генерација и уште поголем опсег за неговата 100% електрична верзија. Новиот е-2008 е опремен со најнова електрична технологија и овозможува опсег од над 400 km.

449

PEUGEOT 2008 е бестселер на пазарот на SUV возила од В-сегментот повеќе од три години и сега направи нов чекор напред во однос на дизајнот, технологијата и електрификацијата.

Toj поседува:






  • Повеќе Allure со својот елегантен карактер и наметливиот SUV дизајн;
  • Повеќе Emotion зад управувачот со неговиот неспоредлив i-Cockpit® 3D подобрен со централен 10-инчен екран со висока резолуција и одлично чувство на патот;
  • Повеќе Excellence со ефикасноста на неговиот нов електричен мотор кој овозможува опсег до 406 km (комбиниран циклус WLTP) и неговите нови технологии во внатрешноста.

Лансиран на крајот на 2019 година и со речиси 700.000 произведени примероци, PEUGEOT 2008 отсекогаш бил на тронот во однос на продажбата на SUV од В-сегментот во Европа, па дури и бил на врвот на таа листа во 2021 година.

Успехот на овој модел особено се должи на е-2008, кој беше пионер во електрификацијата во својот сегмент од 2019 година, со повеќе од 75.000 произведени единици. Тој учествуваше со 17,4% од продажбата на верзиите во 2022 година, ставајќи го на подиумот на европската продажба на електрични SUV возила во В-сегментот.

 

MATTHIAS HOSSANN, МЕНАЏЕР НА ДИЗАЈН ВО PEUGEOT: „Со новата 2008, PEUGEOT продолжува да го зајакнува својот технолошки и мачкаст идентитет. Доживејте го еден од клучните елементи на дизајнерската работа а тоа е поставувањето на предниот дел, што го претставува светлосниот потпис во форма на 3  лавовски канџи“.

 

Клиентите на PEUGEOT 2008 се воодушевени пред сè од неговиот дизајн, генерално опишан како елегантен, моќен и робустен. Тие, исто така, ја ценат неговата разновидност и агилност, што го прави новиот 2008 SUV особено погоден за активни семејства.

Новиот PEUGEOT 2008 се произведува во фабриката Vigo во Шпанија. Ќе биде пуштен во продажба во лето 2023 година со гама заснована на три верзии – ACTIVE, ALLURE, GT – и четири мотори, вклучувајќи го и новиот целосно електричен мотор со 115 kW/156 КС со опсег до 406 km (WLTP комбиниран циклус). Палетата ќе биде проширена во 2024 година со доаѓањето на нов хибриден мотор.

Поврзани содржини