🎥 НОВИОТ ХЈУНДАИ ИМА 4 НОЗЕ Ќе се користи и за спасување преживеани од природни катастрофи

„Елевејт“, на пример, би можел да им овозможи лесен пристап до влезните врати на зградите на хендикепираните лица ширум светот. Нивните инвалидски колички веднаш би можеле да влезат во објектот. Исто така, благодарение на своите роботски нозе, „Елевејт“ може да им обезбеди на спасувачките тимови пристап до загрозените области во ситуации на различни катастрофи.

95

Oд Јужна Кореја доаѓа интересна вест од светот на електромобилноста. Станува збор за концептот „Хјундаи елевејт“, претставен во 2019 година на саемот „Конзјумер електроникс шоу“ (ЦЕС) во Лас Вегас.

Револуционерното возило, покрај традиционалниот начин на движење на тркала, буквално може да оди и на 4 нозе. Сложен систем од електромеханички споеви е задолжен за овој подвиг. На крајот на споевите има тркала со кои, „Елевејт“ може да се качува по скали или на стрмен карпест терен, да се движи по вода, па дури и да прескокнува одредени објекти. Нормалните теренски возила се ограничени во овој поглед.






Потпретседателот на компанијата „Хјундаи“ Џон Су е најзаслужен за развојот на возилото од идеја до прототип. Тој го опишува „Елевејт“ како „првиот автомобил во светот од класата ‘трансформатор’“. Лиценците за патентирање на возилото лани беа добиени во САД, што сугерира дека компанијата „Хјундаи“ навистина планира да го произведе „Елевејт“.

Иновативното електрично возило може да користи во широк спектар на замисливи и незамисливи ситуации. Су истакнува дека „Елевејт“, на пример, ќе може да им овозможи лесен пристап до влезните врати на зградите на хендикепираните лица ширум светот. Нивните инвалидски колички веднаш би можеле да влезат во објектот. А и благодарение на своите роботски нозе, „Елевејт“ може да им обезбеди на спасувачките тимови пристап до загрозените области во ситуации на разни катастрофи.

Сегашните спасувачки возила се ограничени кога станува збор за несреќи предизвикани од земјотреси, цунами или други природни непогоди. „Елевејт“ ќе може да вози веднаш до местото на несреќата и да се искачи над урнатините. Возилото ќе може и да се движи во тешко достапни региони како што се разните планински и шумски подрачја.

Поврзани содржини