НОВИ НУТРИЦИОНИСТИЧКИ ПРЕПОРАКИ Се враќаат полномасните млечни производи
По години во кои се избегнуваа мастите, новите истражувања покажуваат дека полномасните млеко, јогурт и сирење можат да имаат важна улога во здравата и балансирана исхрана
По повеќе од една деценија, во училиштата во САД повторно ќе се служи полномасно млеко како дел од училишните оброци. Одлуката дојде веднаш по објавувањето на новите американски нутриционистички препораки за периодот до 2030 година, кои во голема мера го менуваат досегашниот пристап кон мастите во исхраната.
Една од најголемите промени се однесува токму на млекото и млечните производи, кои во новата прехранбена пирамида се препорачуваат во нивната природна, полномасна форма. Ова претставува значаен пресврт во однос на претходните препораки, кои со години им даваа предност на „лајт“ и обезмастени верзии на млеко, сирење и јогурт.
Хрватскиот нутриционист Марко Шимиќ за Јутарњи.хр вели дека ваквите промени се дел од поголема трансформација во разбирањето на исхраната.
– Долго време се веруваше дека калоријата е само калорија и дека мастите, бидејќи се енергетски најгусти, се главниот виновник за дебелеењето. Но биологијата на нашето тело не функционира како едноставна математика. Денес се знае дека храната не е само гориво, туку и информација што им ја испраќаме на нашите хормони – објаснува тој.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.