НОВА НАЈАВА ЗА БОМБИ ШИРУМ МАКЕДОНИЈА Овојпат, идентитетот на бомбашите е познат
Турчинот Акин Сезер, инаку, производител на органски зеленчук во Охрид, е иницијатор на зеленото бомбардирање кое ќе се случува на 21 март низ цела Македонија. Оваа, како што ја нарекуваат неговите пријатели од Слоу фуд Македонија кои ја проширија иницијативата ширум земјата, пролетна офанзива, се состои од фрлање на бомби од компост, глина и семиња. Сезер кој самиот одгледува околу 183 видови на зеленчук, повикува на масовност
Нашиот соговорник Акин Сезер, Турчин женет за охриѓанка, кој е веќе познат како производител на органски зеленчук на својата фарма во Охрид, постојано смислува начини како да придонесе за реформирање на нашите навики во исхраната и кулинарството.
Овојпат, тој е иницијатор на таканареченото зелено бомбардирање и заедно со неговите пријатели и истомисленици од Слоу фуд, кои ја проширија иницијативата ширум целата држава, предлага сите да се придружиме на зеленото бомбардирање на 21 март и да бидеме дел од нивната пролетна офанзива: „Фрли цветна бомба“.
Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.