БЕБИЊА СОЗДАДЕНИ СО ДНК ОД ТРИ ЛИЦА СЕ РАЃААТ БЕЗ НАСЛЕДНИ БОЛЕСТИ Револуционерна процедура, нова надеж за мајките со генетски мутации

Четири момчиња и четири девојчиња, вклучувајќи еден пар идентични близнаци, се родени по револуционерната процедура што ја спровеле британските лекари. Бебињата немаат знаци на митохондријални болести што биле во опасност да ги наследат од своите мајки.

199

Лекари во Велика Британија го објавија раѓањето на осум здрави бебиња, по спроведувањето на револуционерна процедура со којашто се создаваат ембриони преку ин-витро оплодување со ДНК од три лица за да се спречи децата да наследат неизлечиви генетски нарушувања, пишува Гардијан.

Генетски материјал од мајката и таткото е префрлен во здрава јајце-клетка од донор за да се намали ризикот од животозагрозувачки болести.






Имено, сите мајки биле под висок ризик од пренесување на болести опасни по живот на своите бебиња поради мутации во нивните митохондрии, ситните структури што се наоѓаат во клетките и им обезбедуваат енергија што им е потребна за да функционираат.

Веста за раѓањата и здравјето на децата долго време ја очекуваа лекарите ширум светот откако Велика Британија го промени законот за да ја дозволи постапката во 2015 година. Регулаторот за плодност ја додели првата лиценца во 2017 година на клиника за плодност на Универзитетот во Њукасл, каде што лекарите беа пионери во оваа техника.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини