ИЗЛЕЗЕ ИГРА НА МОБИЛЕН ЗА КОВИД-19 Време е младите да се образуваат (ВИДЕО)
Во играта се соочувате со коронавирусот и ги учите сите начини како да се заштитите од него. СЗО верува дека на овој начин ќе ги образува младите за да се вакцинираат и ќе им помогне да се справат со дезинформациите кои лебдат наоколу.
Нова мобилна игра под името „Antidote COVID-19“ ќе ги учи младите да се борат со дезинформациите за коронавирусот и за значењето на вакцините, пишува ИФЛ Наука. Таа е развиена во соработка со Светската здравствена организација, а во играта се борите со вирусот и учите за вашиот имунитет, патогените и разните начини да се заштитите.
Играта може да се симне на Google Playstore, a ja има и за IOs. Еве како изгледа:
„Antidote COVID-19“ е игра во која треба да браните кули развиена од „Psyon Games“, фински стартап. Играчот му помага на човечкиот имунолошки систем да се бори против брановите на напади од бактерии и вируси, вклучувајќи го и SARS-CoV-2. Играта ве регрутира да се придружите на „Antidote Laboratories“ непосредно пред да се појави пандемијата ковид-19 и играчите имаат задача да помогнат да се запре ширењето на SARS-CoV-2.
Преку ова патување, играчите ќе научат за нивниот имунолошки систем, сите видови патогени, вакцини и начини да се заштитат од коронавирусот. Играта е забавна, исполнета со акција и шарена авантура, полна со слатки ликови и гадни негативци. Таа исто така е поткрепена со наука и факти. „Psyon Games“ ја развиле „Antidote COVID-19“ во соработка со СЗО, УНИЦЕФ од Финска и „Gavi – The Vaccine Alliance“, глобално здравствено партнерство со цел да се зголеми пристапот до имунизација во земјите во развој.
– И покрај фактот дека стапките на вакцинација се во пораст на глобално ниво, има и алармантни знаци на пасивност поврзана со вакцините, особено кај младите. Се чини дека не станува збор за активен отпор, туку верување дека вакцинирањето против ковид-19 е некако непотребно. Сепак, реалноста е дека ни требаат сите во таборот на невакцинираните за да се стави крај на оваа пандемија и да се вратиме во нормала – вели Оли Рундгрен, извршен директор на Psyon Games.