НОВ ГИНИСОВ РЕКОРДЕР МЕЃУ БЕБИЊАТА Неш е најмладото преживеано бебе во светот
Роден е на 5 јули 2024 година, со тежина од 283 грама, цели 133 дена пред терминот.
Малиот Неш Кин од Ајова стана најрано роденото бебе во светот кое преживеало. Роден е на 5 јули 2024 година, со тежина од 283 грама, цели 133 дена пред терминот. Со тоа и официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како најрано родено и преживеано бебе.
Неш, кој неговите родители со љубов го нарекуваат „Nash Potato“, ги поминал првите шест месеци од својот живот во одделот за неонатална интензивна нега во детската болница „Stead Family“.
„Неш има силна личност. Бидејќи е толку долго во одделот за интензивна нега, би помислиле дека е кршлив. Но, не е. Постојано се смее и е љубопитен за сè“, изјавила неговата мајка Моли за Асошиејтед Прес.
Повеќе за ова, како и видео со малиот Неш, ќе најдете ТУКА.