НОЌИТЕ КОГА ЗАСПИВАВМЕ ВО ПОМПЕЈА Празнината во пепелта од Давор Стојановски

„Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ е извонредно возбудлив роман поделен во три дела, во кои од различна перспектива се објаснува приказната. Уште по првата прочитана страница читателот добива чувство на возбуда и заинтересираност, што не попушта до последната. Романот се чита во еден здив, а потоа уште долго време останува во потсвеста.

738

Наслагите пепел со кои се прекриени телата по ерупцијата, со текот на времето се стврднуваат и создаваат оклоп. Кожата и ткивото се распаѓаат, а на нивно место во оклопот останува шуплина. Обликот на таа шуплина е всушност обликот на човекот во мигот кога настрадал. Tокму со оваа тажна вистина автoрот на романот „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, се обидува да ја сведе судбината на своите ликови.

Со нивните „шупливи“ души во оклопите од крв и месо, Стојановски прави паралела со пронајдените остатоци од античкиот град Помпеја, каде во вулканската ерупција е збришан цел еден град, заедно со неговите жители од кои најголемиот дел од нив се поплосани на спиење.






Животот е кршлив и може да го снема за миг, затоа живите треба да се слават и да се сакаат додека се живи, бидејќи потоа е доцна. Сепак, во романот токму тука се провлекува најголемата мистерија на авторот, кој успешно кокетира со невозможното. Дали вербата на една мајка, би можела да го врати своето чедо од мртвите? На читателите тоа им е оставено самите да го просудат, додека Стојановски само го поставува редоследот на нештата.

„Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ е извонредно возбудлив роман поделен во три дела, во кои од различна перспектива се објаснува приказната. Уште по првата прочитана страница читателот добива чувство на возбуда и заинтересираност, што не попушта до последната. Романот се чита во еден здив, а потоа уште долго време останува во потсвеста.

„Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ е издадено од „ИЛИ-ИЛИ“ во едицијата Проаза во 2021 година. Давор Стојановски уште еднаш покажа дека е еден од најталентираните и најплодни автори од Македонија, за кого можеме слободно да прогнозираме дека допрва му го очекуваме неговото најдобро дело.

Поврзани содржини