НИТУ ДОИТЕ, НИТУ МУ ДАВАТЕ АДАПТИРАНО МЛЕКО?! Исклучиво измолзување – опција за која ретко се зборува

Измолзувањето е често алтернатива за мајките кои не можат да дојат, а понекогаш и доброволен избор. Без разлика на причините, за ексклузивното измолзување ретко се зборува, а ние ви ги пренесуваме најважните факти.

126

„Дали доите или му давате адаптирано млеко?“

Тоа е прашање со кое се соочуваат многу новопечени мајки, но за некои од нив одговорот е: Ниту едното. Тоа се мајки кои избираат исклучиво да се измолзуваат и на тој начин да го обезбедат своето млеко на своето дете, но преку шише.






Иако измолзувањето мајчино млеко не е непознато, ексклузивното измолзување мајчино млеко сè уште е релативно ретка практика, со оглед на тоа што оваа опција секогаш се споменува како помош при доењето.

Некои мајки избираат исклучиво да го измолзуваат своето млеко затоа што имаат предвремено родено бебе кое не може да биде доено или има проблеми со доењето, други затоа што не можат постојано да дојат или имаат можност некој друг да го храни бебето, а трети затоа што едноставно не сакаат да дојат, но сакаат на своето дете да му обезбедат сопствено млеко.

Можни причини за ексклузивно измолзување

Постојат многу причини зошто некои мајки не можат да ги дојат своите бебиња. Советничката за доење Јофија Бок ги издвоила најважните.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини