НИШТО ПОСЛЕ ПОЛНОЌ! Анестезиолозите предупредуваат на застареното правило поради кое децата непотребно страдаат од жедни и стрес пред операција
Истражувачите се сомневаат дека многумина сè уште се придржуваат до застареното правило: „Не јадете и не пијте ништо после полноќ!“ Експертите нагласуваат дека родителите и давателите на здравствени услуги треба да ги следат тековните препораки, кои им овозможуваат на децата да добиваат бистри течности до два часа пред процедурата
Нова американска студија открива дека на повеќето деца не им е дозволено да пијат течности многу подолго пред операцијата отколку што е препорачано со упатствата – што може да го зголеми ризикот од дехидратација, анксиозност и побавно закрепнување по процедурата.
Според истражувањето презентирано на годишниот состанок на Американското здружение на анестезиолози во Сан Антонио, дури 79% од децата и доенчињата биле без течности многу подолго отколку што е потребно.
Упатствата јасно наведуваат дека децата не треба да пијат ништо во рок од два часа пред процедурата, за да се намали ризикот од задушување или пневмонија. Сепак, податоците покажуваат дека повеќето деца не пијат течности неколку часа подолго од препорачаното.
Продолжената апстиненција од бистри течности – четири часа или повеќе – може да предизвика жед, анксиозност, болка, мачнини и повраќање, предупредува д-р Александар Нагребецки, анестезиолог во Општата болница во Масачусетс во Бостон.
Освен што е непријатно, може да биде и штетно. Децата и доенчињата се особено ранливи на дехидратација и губење калории, што дополнително го оптоварува телото и го забавува закрепнувањето.
Научниците анализирале речиси 72.000 случаи на деца под 17 години кои имале планирани операции во 12 американски болници помеѓу 2016 и 2024 година.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.