НИШТО НОВО – УШТЕ ЕДНО ДОБРО ОД КУЈНАТА НА АРНО Отворен првиот центар за поправки во Скопје
‘Ништо Ново’ не е само име, туку филозофија: да не фрламе, да поправаме, да придонесеме кон помалку отпад, зошто токму превенцијата на отпад е клучна во циркуларната економија. Центарот го посветувам на татко ми – инженер кој од три расипани тостери правеше еден што работи. Од него научив дека поправките не се само вештина – тоа е начин на живеење, кој на Македонците и воопшто, на Балканците не им е нов, рече Ирина Јаневска, оснивач и претседател на здружението АРНО.
Здружението за социјални иновации АРНО денес го отвори првиот Центар за поправки во Скопје – „Ништо Ново“, лоциран во општина Кисела Вода.
Па така, кога ќе ни се расипе тостерот, наместо да размислуваме дека ни е поисплатливо да купиме нов, отколку да го дадеме новиот на поправка, ќе одиме кон едно подлабоко размислување за тоа дека на тој начин всушност поддржуваме злоупотреба на евтина работна сила, но и ја оптоваруваме природната средина со уште едно парче отпад.
Повеќе за ова прочитајте ТУКА.